Продажните цени на производителите на индустриски производи во март годинава се повисоки на месечно ниво за 0,7, а на годишно за 1,2 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со февруари 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1,8 отсто и во секторот Преработувачка индустрија за 0,6 отсто, а се пониски во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5 проценти.

Во однос на ланскиот март, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 6,8 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,5 проценти, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 2,.2 отсто

Во март годинава, пак, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 0,9 отсто на месечно ниво, а за 1,1 отсто на годишно ниво.

Споредено со февруари 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2,4 отсто и во секторот Преработувачка индустрија за 0,8 отсто.

Во однос на март 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 10,8 проценти, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 2,5 проценти.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2019 16:35