Град Скопје планира до крајот на годинава да се заврши со изградба на булеварот до спортската сала Јане сандански, преку кој потоа со мост треба да се изведе сообраќајно поврзување со Ќерамидница. Мотстот, според градоначалникот Петре Шилегов, треба да почне да се гради есенва.

-Подготвителните работи се во тек. Очекувам до Нова година да дојдеме до кејот на Вардар, а есенва ќе ја започнеме изградбата на мостот. Постапката за експропријација е веќе започната и е во тек. Не очекувам да има некакви дополнителни проблеми во реализација на тој коридор, рече Шилегов.

Инаку, првата фаза од булеварот која треба да се реализира, започнува од булеварот „Близнаци”, се до коритото на реката „Вардар” до хотел „Русија”. Втората фаза од овој проект ја опфаќа изградбата на мост во близина на хотелот “Русија”, кој ќе ги поврзува општините Аеродром, Гази Баба и Центар.

Третата фаза, пак, е продолжување на булеварот низ Ќерамидница. Во моментов, според Шилегов, сè уште трае експропријацијата по трасата низ која што треба да поминува новиот булевар



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2019 18:22