Инцијативата „Тука сме, заедно сме!” денеска во СУГС „Никола Карев“ организира целодневен настан за цел почнување дискусии и информирање на младите за потребата од ментално здравје и емоционална интелигенција.
Настанот предвидува дискусија со стручно лице (психолог), лично изразување на чувствата и креативна работилница за остварување на целта.
Поттикнати од потребата да се направи промена и да се охрабрат младите да дискутираат отворено и слободно за своите предизвици, група од девет ученици од СУГС Гимназија „Никола Карев“ го организираат целодневниот настан.
„Тука сме, заедно сме!” е младинска иницијатива и дел од проектот „Вклучи се за промена!” што се спроведува од здружението „Лидери за едукација, активизам и развој“ (LEAD), со поддршка од Агенција за млади и спорт.
Во контекст на иницијативата, младите активисти почнаа хаштаг #ментализирајсе. Со ова, сите млади можат да ја изразат својата поддршка кон иницијативата преку објавување фотографии на социјалните мрежи на кои е напишан хаштагот.