Во спортската сала „М.М.Брицо“, со почеток во 10:30 часот почнуваат фајнал-фор натпреварите во женски ракомет во пионерска конкуренција. Во првиот натпревар екипата на РК „Делчево“ се среќава со екипата на Стружанка, додека во вториот од 12 часот играат пионерките на РК „Вардар“ Скопје и РК „Сани“ од Охрид.

Теодора Тодоровска ракометарка на РК Делчево очекува публиката да биде нивниот ,,осми” играч во походот кон финалето.

-Тренирам во РК „Делчево“ 4 години, денеска играме полуфинале со ракометниот клуб на Стружанка. За да влеземе во финале ни треба нашиот осми играч, а тоа е публиката. Ја повикам публиката да дојде да не бодри, бидејки ќе ни треба нивната помош, рече Тодоровска.

За тренерот на екипата Горан Велков, денешниот Ф-4 турнир е празник на ракометот за градот Делчево.

-Слободно може да кажеме дека денеска е празник на ракометот во Делчево. Се надеваме на добра посетеност, на добра поддршка од нашата публика, нашата екипа е подготвена за успеси. Се надеваме дека ќе го обелиме образот на градот, се надеваме исто така дека ќе постигнеме успех кој во овие девет години, колку што постои клубот, ќе биде најголем, рече Велков.

Завршниот турнир РК „Делчево“ го организира со поддршка на спонзорите и општина Делчево.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2019 12:55