Општинската организација на Црвениот Крст Куманово во рамки на неделата на Црвениот Крст и Црвената полумесечина ќе подели прехранбени и хигиенски пакети за ранливи категории граѓани од општините Старо Нагоричане и Липково.

-По повод одбележување на оваа недела, но и во редовните активности постојано организираме хуманитарни акции во кои донираме храна и хигиенски производи на социјално загрозени граѓани-изјави секретарот на општинската организација, Бојан Петрушевски.

Освен поделба на хуманитарни пакети, кумановскиот црвен крст во текот на оваа недела организира и две крводарителски акции, едната во училиштето „Крсте Мисирков“, втората во здружението на планинари „Козјак 2013“, како и изложба на фотографии. Екипите на Црвениот крст помогнаа и во организација на малите олимписки игри кои се одржаа на шест локалитети во градот, помагаат и ќе учествуваат на ревијалниот турнир во мал фудбал.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2019 13:23