Ракометарите на Металург приредија големо изненадување во националниот куп, откако вечерва во дуелот за трофејот го победија големиот фаворит Вардар по подобро изведување пенали.

Натпреварот заврши 29:29, па се пријде кон удари од седум метри по кои „металурзите“ победија со 33:32.

Ова е прв „испуштен“ трофеј на „црвено-црните“ по пет годишна доминација во домашните натпреварувања.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/05/2019 04:32