Средното стручно општинско училиште „Моша Пијаде“ од Тетово од денеска до сабота, 18 мај, е домаќин на 60 ученици и професори од четири земји со кои ќе се разменуваат искуства и стилови во учење и предавање математика.
Во рамки на Еразмус+ проектот „European citizens of tomorrow“ гостуваат ученици на возраст до 12 до 16 години и професори од училишта од Италија, Романија, Португалија и Турција.
-Целта на проектот да се идентификуваат стилови на учење за учениците и да се адаптира наставата според тие стилови. Ќе се оди на учење математика со аурален стил или поточно учење преку слушање. Бидејќи е математика ќе се разменуваат и искуства според логички стил-изјави Виолета Србиновска, професорка по математика во ССОУ „Моша Пијаде“.
Покрај стручниот предмет учесниците ќе работат и на подобрување на личните вештини.
-Покрај стиловите на учење на заедничките активности ќе се работи на подобрување на јазичните, и комуникациски вештини, ИКТ, креативност, критичко размислување, подигнување на интеркултурални компетенции и решавање на проблеми. Наставниците ќе имаат ќе имаат обуки за професионален развој и размена на материјали-истакна професорката.
Учениците од 4-те земји ќе бидат сместени во домовите на тетовските средношколци, а заедно ќе посетат знаменитости во градот но и во други места низ државата.