На Купот „Св. Георги 2019“ најдобри во футсал се учениците од Општина Карпош, додека Гази Баба заврши на второ, а Кисела Вода на трето место.
– Селекцијата на Кисела Вода ја победи екипата од Центар со резултат 2:1, а тимот од Карпош ја победи Гази Баба со 1:0, соопштија од Општина Кисела Вода.
Посочија дека ученици од истите скопски општини денеска ќе играат полуфинални кошаркарски натпревари.
– Во спортската сала „Независна Македонија“ селекцијата од Карпош ќе игра против Центар. По овој натпревар силите на теренот ќе ги одмерат Гази Баба и Кисела Вода. Во текот на оваа седмица во истата сала ќе се играат и одбојкарски напревари, посочија од Кисела Вода.