Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил објави дека проектот за реконструкција на стационарот “Лајка” е во завршна фаза.

На Фотографиите кои тој ги објави во прилог на објавата има и кученце кое Шилегов го подарува за вдомување.

- " Проектот за реконструкција на стационарот “Лајка” е во завршна фаза. Наскоро започнуваме.

А да. 🙂 Во меѓувреме, ова слатко кученце е за вдомување. Истретирано и здраво. Ако има заинтересирани ..." -стои во објавата на Шилегов на Фејсбук.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2019 15:13