Започнаа градежните активности за реконструкција на патниот правец од Делчево до Пехчево во должина од 10 километри. Како што информираше градоначалникот на општина Пехчево, Драги Тренчовски, во моментот се работи на реконструкцијата на потегот од селото Панчарево до село Црник.
-Kонкретно за општина Пехчево е важно што ќе се реконструираат 10 километри од делницата од Делчево до Пехчево, што за нас како мала општина е од огромно значење, бидејки наскоро очекуваме да добиеме подобрена патна инфраструктура со Делчево и околните места, истакна Тренчовски.
Додава дека според планираното реконструкцијата на патната мрежа на овој патен правец треба да заврши најдоцна за двамесеци.
Средтсвата во висина од 3,5 милиони евра за реконструкцијата на овој патен правец се обезбедени како дел од пакетот проекти на Министерството за транспорт и врски кои се реализираат со поддршка на Светска банка.