Фејсбук соопшти дека затвориле неколку италијански налози кои биле лажни и страници кои ширеле лажни вести во пресрет на парламентарните избори во Европската унија.

– Отстранивме неколку лажни и двојни налози кои ја кршат нашата политика на автентичност, соопшти социјалната мрежа.

Исто така, отстранети се страниците кои објавувале лажни информации, како и некои кои почнале како неполитички страници и добиле следбеници, а потоа ги смениле имињата и станале политички страници.

Фејсбук дејствуваше минатата недела откако беше предупреден дека 23 италијански веб-страници на социјалната мрежа шират лажни информации, како што се измислени цитати и содржини против миграцијата и вакцините, како и антисемитски содржини.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2019 20:17