Фондот за иновации и технолошки развој, во соработка со Делегацијата на Европска Унија во Република Северна Македонија, денеска ќе одржи презентација на препораките од студиите на одржливост во рамките на проектот „Начини на јакнење на иновацискиот екосистем“, финансиран преку претпристапните фондови на Европската Унија.

– Целта на проектот е да се скенира моменталната состојба на мерки и институции кои нудат поддршка за иновации и развој како и да се дефинираат идни мерки за поттикнување на соработката меѓу академската заедница и бизнисот. Меѓу другото се препорачува и потенцијално ребрендирање и репозиционирање на ФИТР како и развој на нови инструменти за академски истражувања со комерцијални цели, соопштија од Фондот за иновации.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2019 11:28