Градоначалникот на Нирнберг, Улрих Мали кој со својата делегација беше гостин во детската градинка „8 Април“ во општина Шуто Оризари, врачи чек од 1.000 евра за набавка на надгледни средства, но вети и развивање на поинтензивна соработката во интерес на обезбедување на подобри услови за децата.
Тие, како што информираат од Општината, уште еднаш го потврдија своето пријателство и подадена рака на градинката, но и на локалната самоуправа.
Градоначалникот Мали во придружба на градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш ја разгледа населбата, ја посети новоизградената градинка и се заложи за негување на пријателството кое во иднина ќе значи спроведување на заеднички иницијативи, информираат од Општината.