Здравствениот дом во Крушево доби ново амбулатно возило за итна медицинска помош од Министерството за здравство.
Зорица Манчевска Трајчулеска, директор на Здравствениот дом вели дека ова е прво ново возило по седум години и многу ќе значи за укажување на итна здравствена помош на граѓаните, изразувајќи благодарност до Министерството.
–Здравствениот дом имаше голема потреба од ова возило, особено за повозрасната популација, но и поради поголемиот број интервенции, пред сé, превентивно потребни при одржувањето на високо адреналинските настани во Крушево кои ги има преку целата година, како натпреварите во параглајдинг и змајарство, велосипедските и планински тетури, вели Манчевска Трајчулеска.
Новото амбулантно возило за итна медицинска помош е марка „Рено Мастер".