Ученици од општинските основни училишта „Кузман Шапкарев“ и „Рајко Жинзифов“ денеска имаа едукативна средба со градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски.
Од Општината информираат дека градоначалникот ги запознал децата со работата на општинската администрација и надлежностите на секторите.
Учениците од градоначалникот имаа можност да добијат одговори на прашањата за кои се интересираа, соопштуваат од Општината.