Панел дискусија на тема „Бизнис и дипломатија“ ќе се одржи денеска во просториите на Меѓународниот Балкански Универзитет.

На темата ќе дискутираат заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, претседателот на УО на ЕВН Македонија Штефан Петер и претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора Исмаил Аљили, советник за надворешна политика на претседателот на Северна Македонија.

Модератор на настанот ќе биде Снежана Билиќ, декан на Факултетот за економија на Меѓународниот Балкански Универзитет.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2019 09:49