Меѓународна конференција за енергетика „Македонски енергетски форум-МЕФ 2019“ на тема „Енергетската транзиција во светот преку обновливи извори и енергетска ефикасност“ од денескка до петок ќе се одржи во струшкиот хотел Изгрев.

Конференцијата утре официјално ќе ја отвори премиерот Зоран Заев, а на неа ќе учествуваат високи претставници од домашни и меѓународни институции, приватни компании, невладини организации и експерти од областа на енергетиката.

Расправата ќе се одвива преку пет панели кои ќе третираат теми од регионалните предизвици во приклучувањето кон глобалната енергетска транзиција, новите технологии во обновливите извори, енергетската ефикасност, гасот, како и посебен панел за родовата застапеност во сферата на енергетиката.

Конференцијата е во заедничка организација на АД Електрани на Северна Македонија, Владата, Амбасадата на САД и невладината организација ЗИП Институт.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2019 09:52