Планинарскиот спортски клуб „Кожуф“ од Гевгелија утре организира прв меморијален марш „Д.р Ѓорге Петков“ со искачување на врвот Мала Рупа на планината Кожуф,висок 2.004 метри.
-Маршот го организираме со цел да прерасне во традиционален и на тој начин вечно да го чуваме споменот на долгогодишниот член на нашето друштво и омилен инфектолог,доктор Ѓорге Петков,кој беше еден од најактивните високогорци во нашиот клуб, рече претседателот на клубот, Ристо Каркалашев.
Учеството на маршот го најавија многу планинари од земјата кои утре во часот ќе се упатат со автобуси од Гевгелија до стартното место на Алчак (1.650 метри) од каде што ќе тргнат кон целта на врвот Мала Рупа.
Во последните десет години доктор Петков ги имаше освоено речиси сите највисоки врвови во Европа и светот како што се Арарат ,Аконкагва, Килиманџаро, Пик Ленин, Елбрус, Исланд Пик и Денали на Аљаска.
Минатата година почина од срцев удар во последниот дел од искачувањето на највисокиот врв на светот „Монт Еверест“.