Под мотото „Скопје цвета“, денеска во Градскиот парк беше отворен Скопскиот цветен фестивал. Шеста година по ред, оваа манифестација ги собира љубителите на природата и цвеќето, со цел подигнување на јавната свест за заштитата на животната средина.

Во програмата на фестивалот учествува и ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје, преку организирање еко-работилници и забавни игри за најмладите посетители. Стотици дечиња имаа можност да научат нешто повеќе за селектирањето и рециклирањето на отпадот, а ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје се погрижи сите да добијат и по една едукативна сликовница ,,Забавно рециклирање“.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2019 16:01