Неколку холандски градови веќе се вклучија во трката за домаќин на Изборот на песна на Евровизија во 2020 година, откако претставникот на Холандија, Данкан Лауренс победи на синоќешниот Евросонг во Тел Авив.

Како што јавија холандските медиуми, интерес за организација на Изборот следната година веќе најавиле Амстердам, Ротердам, Хаг и Мастрихт.

Инаку, успехот на 25-годишниот Лауренс со песната „ Arcade“, е прва победа на Холандија по 44 години.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2019 15:17