Вкупно осум часовници кои му припаѓаа на легендата на Формула 1 - Михаел Шумахер, се продадени на наддавање во Женева, вчера, за скоро четири милиони швајцарски франци (4,1 милион евра), соопшти аукциската куќа „Кристи'с“.

- Ова ја покажува страста на меѓународните колекционери за исклучителни часовници. Видовме обемна посетеност, особено од Америка, истакна Реми Гилемин, специјалист за часовници на аукциската куќа.

Примерок од „Ф.П. Џурн вагабондејџ“ - споменот за седумте светски шампионски титули во Ф1 на Шумахер, е продаден за 1,6 милиони долари.

Германскиот седумкратен шампион бил страстен колекционер на часовници, сѐ до тешката несреќа на скијање во декември 2013 година, по што тoj не е виден во јавноста. Но, највисоката цена - од 2,7 милиони долари, ја постигна стариот часовник „Патек Филип“ од розово злато



Автор: Администратор
Објавено на: 16/05/2024 15:30