До крајот на годината се очекува да се исплатат 8,3 милиони евра за проекти од ИПАРД Програмата. Ова го истакна директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски на работниот состанок со претставници на Директоратот за земјоделство при ЕУ Лијам Бреслин и Зиго Рутковски во Брисел.

На состанокот, како што соопштуваат од АФПЗРР, претставниците на Агенцијата, Бабовски, неговиот заменик Авдул Селам Селами и претставници на институцијата, дадоа детален извештај за сработеното во делот на ИПАРД Програмата.

-Согласно сегашната динамика на обработка на поднесените проекти до крајот на оваа година се очекува да се исплатат 8,3 милиони евра. До денеска, за првиот повик од ИПАРД 2 програмата од 1.648 поднесени апликации, одобрени се 950 апликации, од нив 214 апликации се веќе исплатени и на сметките на апликантите вратени се близу три милиони евра. За вториот повик од ИПАРД 2, пристигнати се 1.164 апликации до денеска со 13 апликанти веќе се склучени договорите за реализација на проектите. Со оглед на тоа што вториот повик заврши кон средината на февруари, со задоволство може да истакнам дека обработката на апликации е забрзана, истакна Бабовски.

Претставниците на Директоратот за земјоделство, искажаа задоволство од реализираните средства и од обработката на апликациите. Истакнаа дека АФПЗРР, има капацитет и согласно динамиката на исплата на реализирните проекти, очекуваат Платежната агенција целосно да го реализира предвидениот буџет за оваа година.

Порачаа дека задоволни се од резултатите и напорите што АФПЗРР, континуирано ги прави во делот на доекипирањето со стручни кадри кои ќе овозможат побрза обработка на поднесените апликации и нивна исплата. Пројавија загриженост во делот на недефинираната политика за задржување на постојниот обучен кадар.

Потенцираа, стручните и обучени кадри да се мотивираат контуинирано, се со цел да се задржуваат во Агенцијата и да даваат резултаи во реализацијата на ИПАРД Програмата.

Во соопштението истакнуаат дека реализацијата на ИПАРД Програмата е клучна за модернизција и унапредување на домашниот агро – сектор.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/05/2019 15:59