„Фејсбук“ не е компанија која некој би ја поврзал со развој на роботиката, но токму тоа е еден од клучните сектори – проектни експерименти со роботи и вештачка интелигенција.

Тоа не е новитет за технолошките гиганти како „Гугл“, „Ен-видија“ или „Амазон“, кои, исто така, имаат такви проекти, но со создавањето на совршена вештачка интелигенција, „Фејсбук“ има за цел со своите роботи да ги почувствува потребите на корисниците.

– Да контролираш и „обучуваш“ роботи е потешко отколку да натераш алгоритам да игра видео игри. Кај нив нема директен пат за внесување на информацијата. Убавото кај роботиката е тоа што се случува тука и сега – во реално време, изјави шефот на Одделот за вештачка интелигенција на „Фејсбук“, Ентони Бордерс за „Блумберг њуз“.

Машината со шест нозе, самата учи да минува и низ пробите и низ грешкте. Роботизираната рака ќе развие „љубопитство“ кај самиот робот, и слично како и човековата, преку допир ќе научи да извршува прости задачи.

Но, „Фејсбук“ нема да ги пушти тие роботи во продажба. Единствената нивна намена е усовршување на сопствената вештачка интелигенција.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2019 12:29