Јутјуб од август ќе ги смени бројчаниците кои укажуваат на бројот на потписници на каналите и наместо точниот ќе дава приближен број, соопштува блогот на видео сервисот.

На пример, ако некој канал има 4227 потписници, бројчаникот ќе покажува „4.2 илјади“. Ако каналот има 51 389 231 потписници, бројчаникот ќе покажува „51 милион“, се додека бројот на потписници не достигне 52 000 000. Притоа, сопствениците на каналите ќе имаат увид во точниот број потписници.

-Знаеме дека бројот на потписници е исклучително важен како за креаторите на каналите така и за нивните гледачи, затоа сакаме да ги најавиме сите промени однапред, се вели во блогот на Јутјуб.

Повеќе детали за промените ќе има во август, додаваат од видео сервисот.

Инстаграм исто така експериментираше со исклучување на бројчаникот за лајкови под фотографиите.

-Сакаме нашите потписници да се фокусираат на тоа што го споделуваат а не на тоа колку лајкови добиваат вашите статуси, укажаа од компанијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2019 03:57