Берк Бугариќ и Калин Ивановски се најдобропласираните македонски тенисери меѓу стотинатасветски јуниори во тенис,кои настапија на ИТФ турнирот минатата недела во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Општина Аеродром. Тие го освоија второто место во категоријата двојки во машка конкуренција во финалето со ОндрејХорак и КароТомански.

Третиот по ред турнир за јуниори до 18 години се одржа во машка и женска категорија, а се играше на четири терени на земјена подлога.

Домаќин на турнирот е тенискиот клуб „Тенис парк“ ‒ Скопје кој уште еднаш го потврди својот водечки статус во македонскиот тенис и покрај лошите временски услови.

Инаку, во машка категоријаОндрејХорак од Чешка го освои првото место, а веднаш заднего на втората позиција беше КајлиЛок Јин Танг од Кина, додека кај девојките Бјанка Елена Барбулескуод Романија беше подобра од нејзината сонародничка Даниела Андреа Роска. Во конкуренција на двојки Дариа Шаламанова и Беатрис Спасова од Бугарија беа подобри од Бјанка Елена Барбулески и Даниела Андреа Роска.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2019 11:08