Јапонската компанија „Панасоник“ одлучи да прекине испорака на одредени компоненти за кинескиот производител на телекомуникациска опрема „Хуавеј“, откако САД воведоа рестрикции за извоз за таа компанија.

– Бројот на производи што се погодени од таа одлука е ограничен и тешко дека ќе има какво било влијание на профитот, тврди претставник на „Панасоник“.

Компонентите што се во прашање се поврзани за паметните телефони. „Панасоник“ испорачува делови за телефоните на „Хуавеј“.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2019 11:24