Имајќи го како главен приоритет подобрувањето на патната инфраструктура на територија на Чаир, Општина Чаир до сега во текот на овој период има ставено нов асфалт на општа патна површина од 10.055 m2.

Посветени во оваа насока се продолжува со интензивната работа со целосното асфалтирање на улицата Никола Малешевски во населба Топанско Поле и уредување на нејзините тротоари. Градоначалникот Висар Ганиу лично и се приклучи на работната екипа за да се увери дека се се реализира со потребниот квалитет.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2019 14:27