Фејсбук во првите три месеци од 2019 година затвори 2,2 милијарди лажни профили, што претставува нов рекорд на компанијата.

Тој број е само малку помал од 2,38 милијарди вистински активни корисници на Фејсбук. За споредба, Фејсбук затвори 1,2 милијарди лажни профили во претходниот квартал и 694 милиони лажни профили помеѓу октомври и ноември 2017 година.

Фејсбук за рекордните податоци соопшти синоќа во рамки на редовен извештај што наскоро ќе биде презентиран многу почесто – четири пати годишно, наместо двапати, и ќе го вклучи и Инстаграм.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2019 11:04