Во дворното место на училиштето „Фаик Коница“ во село Грешница, Кичевско започнаа градежните зафати за изградба на нова спортска сала за потребите на училиштето.
-Според проектниот план спортската сала ќе биде со површина од околу 1000 м².
Инвестицијата е вредна близу 400.000 евра, која ја одобри Министерството за образование и наука, а средбата се обезбедени преку Банка за развој при Совет на Европа и Буџет на Р.С.Македонија, а спроведена преку Министерство за образование, вели заменик директорот на училиштето Зија Лутфиу.
Изведувач на работите е „Гранит“ АД Скопје, а техничкиот надзор е доверен на „Евро Консалтинг“ ДОО Скопје.
-Новиот градежен зафат е дел од Проектот „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали“ финансиран од Владата на РСМ. Проектот е предвидено да биде готов до крајот на оваа календарска година. Инвеститорот, Министерството за образование и наука, во проектниот план има предвидено и комплетно опремување на спортската сала, со ентериер, подна облога, справи за спортување, истакна Лутфиу.