Општина Велес со Свечена академија Општина Велес синоќа го одбележа празникот на сесловенските браќа „Св. Кирил и Методиј“ и Денот на просветата, за нивниот труд и вложен труд во образување на младите личности награда за најдобар одделенски наставник доби Борка Тоцинова, за предметен наставник Павлина Карова и Снежана Хаџиева за професор во средното образование.
Наградата за најталентиран ученик за посебни постигнувања и домашни и меѓународни награди која Општина Велес ја доделува вторпат; во средното образование ја добија Викторија Панова од СОУ Гимназија „Кочо Рацин“, Марко Инѓилизов од СОУ Гимназија Кочо Рацин и Михаил Трајков од ССОУ „Димитрија Чуповски“. За основното Матеј Гелев од ООУ „Блаже Конески“ и Стефанија Јакимовска од ООУ „Стојан Бурчевски–Буридан“ од село Иванковци. Наградите и на најдобрите наставници и талентирани ученици им ги врачи градоначалникот Аце Коцевски.
–На сите наставници им благодарам за ентузијазмот, пожртвуваноста во извршувањето на своите задачи и чекорењето по патот на нашите учители Кирил и Методиј. Се радувам на секое ваше постигнување, на меѓународните и државни награди. Од вашата професија се раѓаа сите други професии, а вас ученици ве охрабрувам да сонувате со отворени очи, а наша задача на возрасните е од вашиот сон да направиме реалност во која ќе ја видите иднината, во сопствениот град и со сопствената фамилија ,им порача Коцевски.
Свечената Академија заврши со настап на новоформираниот Градскиот гудачки камерен оркестар „Ангел Шурев“ под диригентската палка на мр. професор по пијано Илија Настовски.