Во организација на Министерството за локална самоуправа денеска во Скопје, ќе бидат презентирани 16-те одобрени проекти на грантовата шема за инвестициски и иновативни проекти.

Како што соопштија од Министерството за локална самоуправа, проектите ќе ги презентира ресорниот министер Сухејл Фазлиу, а на настан ќе присуствуваат вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија, Сибил Сутер Тејада.

Проектите се поддржани од Министерството за локална самоуправа, Владата на Република Северна Македонија и Швајцарската агенција за соработка и развој преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2019 11:06