Две различни истражувања спроведени со лица кои се во врски, открија колку често луѓето комуницираат со поранешните партнери и како тој контакт влијае врз нив.

Околу 40 отсто од студентите се во контакт со поранешните партнери, а над 90 отсто почнале да комуницираат со нив неколку месеци по раскинувањето. Многу мал број, само 13 проценти од испитаниците комуницираат со поранешните партнери неколкупати неделно.

Оваа појава е помалку присутна кај луѓе кои биле во сериозна врска, свршени или в брак.

Од друга страна пак, според стручните лица, поголема е веројатноста некој да остане во врска со поранешниот партнер ако во мигот на раскинувањето сѐ уште имал чувства кон него или неа. Во натамошната комуникација најчесто се вклучуваат оние кои се надеваат на помирување

Исто така, поверојатно е дека ќе останат во контакт луѓето чија врска не завршила со сериозна емоционална траума за една од страните.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2019 14:15