Со грантови во вкупна вредност од 1,2 милиони швајцарски франци секој од осумте плански региони во државава ќе спроведе по два проекта со коишто треба да се подобри состојбата со нерамномерниот регионален развој. Тие се однесуваат на областите животна средина, социјална инклузија, бизнис инфраструктура и туризам. Се избираат и финансираат во рамки на грантовата шеми преку заедничкиот проект за одржлив и инклузивен рамномерен развој, што Владата го спроведува со поддршка на Швајцарската амбасада и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу на денешната презентација на проектите порачаа дека рамномерниот развој е столб на владиниот концепт за градење „Едно опшеттсво за сите“. Најважно е, како што оценија, да се реализираат проекти со директно влијание на животот на граѓаните.

Во секој од планските региони се поддржува реализација на по еден проект што во процесот на консултација го избраа граѓаните, а за што се обезбедени 850 илјади швајцарски франци. Приоритетниот проект во најнеразвиениоит регион – Североисточниот добива 145 илјади пшвајцарски франци, а во скопскиот кој е најразвиен 60 илјади швајцарски франци. Вкупниот фонд за шемата за поддршка на иновативни проекти за годинава изнесува 311.840 швајцарски франци, од коишто секој од планските региони добива по 38.980.

Со проектот за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој се опфатени и компоненти за советодавни услуги за подготовка на проекти и изработка на софтверско решение со што ќе се направи преглед на сите трошоци за рамномерен регионален развој за што сега нема состојба. Активностите, како што рече вицепремиерот Анѓушев, ќе бидат спроведени во планираниот рок односно заклучно со 2020 година.

– Во тој софтвер ќе има конечен преглед како се трошат бутеските средства во сите осум плански региони, каде енајразвиен Скопскиот, а најмалку Североисточнот. Овие региони практично треба да бидат обратно пропрпоционално финансирани, најмалку развиениот да има најдобро финансирање, а најарзвиениот најмало. Прво и основно е средствата од Буџетот да бидат така распределени. Тие се распределени преку повеќе програми и не се само преку Министерството за локалмна самопуправа каде годинава издвоиме 412 милиони денари, за 35 проценти повеќе во однос на минатите години, изјави Анѓушев.

Тој дополни дека за рамномерен регионален развој се издвојуваат средства и во останатите министерства и оти низ цела држава се прават училишта преку Министерство за образование, се реконструираат болници преку Министерството за здравство, градинки и домови за стари лица преку Министерство за труд и социјална политика, водоводи и канализации преку Трансппорт….

Заменик амбасадорот на Швајцарија Стефан Томаџан порача дека за ефекти во намалувањето на разликите во развојот на регионите е потребна политичка волја и носење децентрализирани одлуки со вклучување на сите чинители.

– За да се има ефективен регионален развој треба политичка волја и зрелост, да се борите не само за сопствените интерси и да ги споделувате ограничените политички ресурси за доброто на граѓаните и земјата. Ова е процес на учење којшто со нетрпение очекуваме да го следиме со институциите и со носителите на одлуки во следните години. Ефективното користење на овие фондови е од исклучително значење за швајцарските даночници кои ги финансират овие проекти исто како и за македонските даночници, рече Томаџан.

Одговарајќи на новинарски прашања појасни дека дискусијата треба да ги надмине личните или тесните интереси на градоначалниците, на кои им се дава можност да почнат да гледаат и на регионално ниво.

-Ќе биде потребно време за да се смени тој менталитет, меѓутоа тоа е од клучно значење и ќе помогне во подобро носење одлуки и на децентрализирано носење одлуки, посочи Томаџан.

Според Фазлиу, при реализацијата на проектите се почитуваат правилниците и договорите креирани со Швајцарската амбасада, а парите се трошат транспарентно и во секоја фаза на евалуација има претставници од Амбасадата.

Фазлиу информираше дека со финансиска поддршка од Програмата за рамномерен регионален разввој на Министерството моментно во осумте плански региони се реализираат 43 проекти, од кои 38 инфраструктурни и пет за подготовка на техничка документација. До крај на годината ќе се реализираат и проектите за развој на селата и на подрачјата за специфични развојни потреби во вкупна врендост од околу седум милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2019 14:21