Зголемена појава на неправилно одлагање на отпад во речиси сите скопски општини во текот на изминатиот празничен викенд регистрирале екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.
–Голем број наши сограѓани се одлучиле својот кабаст отпад – стариот мебел, електронските и електричните апарати да ги одложат на јавни површини, притоа директно кршејќи го Законот за јавна чистота. Фотографиите се направени на улиците Франклин Рузвелт, Аминта Трети и Цветан Димов, во општините Центар, Карпош и Чаир, се вели во соопштението од ЈП „Комунална хигиена“.
Од ЈП „Комунална хигиена“ Скопје ги информираат граѓаните дека својот кабаст отпад можат да го одложат во Центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште секој ден во неделата, од 07 до 19 часот, без да не се наплатува паричен надоместок.