Граѓаните што имаат идеја за зелен, одржлив бизнис до 2-ри јуни може да аплицираат на натпреварот „Филантропија преку зелени идеи“ што по петти пат го организира Здружението за социјални иновации „АРНО“.

Трите најдобри идеи на национално ниво ќе се натпреваруваат за 10.000 долари на регионалниот натпревар „Форумот за развој на филантропија во Западен Балкан“ што од 9 до 12 јули ќе се одржи Албанија.

Новитет во процесот на апликациите годинава е тоа што акцентот е на финансиските конструкции и проекции, за, како што информираат организаторите, се организирани и неколку работилници за подготовка на формулавите.

– Ако сакаме новите и малите бизниси да опстојат, нашата земја мора да размислува претприемнички. Изминатите пет години сведочиме на прекрасни идеи и сакаме на сите да помогнеме да се реализираат затоа што силно веруваме дека потенцијалот на нашата земја е во развојот на зелената економија, вели Ирина Јаневска од АРНО.

Филантропија преку зелени идеи е годишен конкурс кој поддржува развој на мали, локални и одржливи бизнис идеи во земјите од Западен Балкан.

Пријавите за натпреварот и сите информации се достапни на веб страницата зелени идеи.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2019 15:08