Едукација на туристичките чинители, како и поставување на платформа за сеопфатна промоција преку онлајн, дигитален и печатен медиум за презентирање на туристичките потенцијали на нашата земја е кој денеска ќе биде претставен на работилницата за локална и регионална конкурентност во организација на Џебен водич, Скопје (In your pocket).

Целта на проектот, кој е финансиран од ЕУ, а админстриран од Светска Банка е за зголемување на бројот на туристички посети.

Планирано е да се реализираат пет специјално дизајнирани работилници ширум дравава за едукација на сите туристичките чинители и институции за да се подобрат услугите/производите врз основа на сознанија за потребите на современиот турист.

Втор сегмент на проектот е подобрување на ограничената туристичка промоција на Република Северна Македонијапреку реализација на специјализирана Web страница како и дигитална промоција преку Facebook и Instagramкои би го презентирале туристичкиот потенцијал и би придонеле за зголемување на бројот туристи кои би ја одбрале нашата земја како нивна идна дестинација.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2019 09:56