Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во април годинава се повисоки за 0,3 отсто на месечно и за 1,2 процента на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со март 2019 година, продажните цени се повисоки во групите Енергија за 1,4 отсто, Капитални производи за 0,5 и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,5 отсто.

Во однос на минатогодишниот април, пак, продажните цени се повисоки во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,1 процент, Капитални производи за 1,6, Енергија 1,1 и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,5 проценти.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2019 15:24