Општина Карпош ја заврши пролетната акција за засадување на нови висококвалитетни, израснати дрвја во повеќе урбани заедници: Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Тафталиџе, Нерези, Бардовци и Козле.

Засадени се повеќе видови на листопадни дрвја: јасен, јавор, ginkgo biloba и липа, како и зимзелени: thuja smaragd и libocedrus decurens.

Со оваа акција се заокружи садењето на вкупно 287 садници.

Дополнително, во изминатиов период хортикултурно се уреди и платото кај Порта Влае, во Карпош 3, како и дворот на градинката „Мајски цвет“ (Тафталиџе 2) и дворот на новата градинка „Виножито“ во Бардовци.

„Локалната самоуправа опстојува на определбата постојано да се зголемува зеленилото во Карпош, плански и рамномерно, во сите урбани заедници.“ - стои во соопштението на Општина Карпош.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2019 16:28