Владата денеска го утврди новиот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште којшто, согласно член 137 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, ќе биде доставен на усвојување од страна на пратениците.
Со предложените законски решенија се овозможува поголема правна сигурност на учесниците во постапките за давање во закуп на земјоделско земјиште, изградба на објекти на земјоделско земјиште за промоција и продажба на земјоделски производи преку рурален туризам и објекти за спортско-рекреативни активности и други поволности за земјоделците кои досега беа пречка за можноста за промена на бизнис планот или програмата за начинот на користење на земјоделското земјиште, или оневозможуваа докапитализација на земјоделското земјиште на повеќе од 3 хектари.
Со новите предлог законски одредби ќе се овозможи земјоделските стопанства да можат да аплицираат на огласи за закуп земјоделски земјишта до 10 хектари, со дополнително олеснување обврската за плаќање на закупнина од страна на закупецот да стапи на сила три години по влегувањето во сила на договорот за закуп