Мултимедијален хепенинг на отворен простор се одржа денеска во Паркот на бранителите во населба Драчево, во организација на општина Кисела Вода.

Како што информираат од општината на настанот учениците од општинските основни училишта и двете училишта за деца со пречки во развојот лоцирани во Кисела Вода пред присутните преку изведбите на бројните музичко-ритмички точки и одлично насликаните ликовни дела го покажале својот талент. Настанот во Кисела Вода се одржа по деветти пат.

Општината и во иднина ќе продолжи да организира и да поддржува настани што ќе имаат за цел пронаоѓање на нови таленти помеѓу учениците, наведуваат во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2019 18:49