Град Скопје во рок од две недели треба да подготви листа со предлог-проектни идеи што ќе се реализираат преку Програмата за развој на зелени градови со финансиска поддршка на Зелениот климатски фонд.

– На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата во врска со активностите за искористување на можностите на Зелениот климатски фонд. Со одлука на Владата на Град Скопје му се укажува во рок од две недели до Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања да достави листа на предлог-проектни идеи кои би биле соодветни за реализација преку Програмата за развој на зелени градови што ќе се имплементира преку Европската банка за обнова и развој, а со финансиска поддршка на Зелениот климатски фонд, известуваат од владината прес-служба.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2019 18:58