„Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис – сектор“, е темата на конференцијата која денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Центарот за граѓански комуникации и Здружението на граѓани Конект, а финансирана од ЕУ.
На конференцијата ќе се обратат министерката за правда Рената Дескоска и министерот без ресор, задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски.
Дескоска ќе има воведно обраќање на панелот „Важноста на интегритетот и намалувањето на корупцијата во бизнис секторот“, додека министерот Поповски ќе говори на панелот на тема „Транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост“.