Утре, четврток (30.05.2019 година), поради одржување на „Алпинистичка вежба-Водно 2019“, Жичарницата на Водно нема да работи до 12 часот.

Автобусите што сообраќаат кон Средно Водно ќе возат по вообичаениот возен ред.

Времениот прекин на работата на Жичарницата е поради користење на објектот за потребите на вежбата, која ќе се одржи во рамки на активностите по повод Денот на полицијата, кон која со логистичка поддршка ќе се вклучи и ЈСП Скопје како субјект кој стопанисува со Жичарницата.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2019 12:02