Голманот на Вардар, Дејан Милосављев следната сезона ќе го чува голот на Фуксе Берлин. Србинот по една година мината во редовите на „црвено-црните“ одлучи каирерата да ја продолжи во Германија.
– Следната сезона Дејан Милосављев ќе го смени Вардар Скопје со Фуксе Берлин. 23-годишниот српски голман потпиша договор до 2024 година. Претстојниот викенд голманот ќе има шанса да ја освои Лигата на шампионите со својот сегашен клуб од Скопје, објави бундеслигашот на својата клупска веб-страница.
Тренерот Велимир Петковиќ е задоволен од засилувањето на голманската позиција.
– Тој е еден од најголемите таленти меѓу европски голмани.
Задоволен од својот нов трансфер е и Милосављев.
– Сонував да играм во Берлин. Бундеслигата е многу голем предизвик за мене, нагласува Милосављев.