Реставрирани објектите на ЈДГ „8-ми Март“, „Пеперутка 1“ и „Пеперутка 2“ во населба Драчево, Општина Кисела Вода.
Увид во извршените активности за обнова на објектите направија градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и претседателот на Советот на општината, Дарио Шимиќ.
– Локалната самоуправа видно ги подобри условите за престој на децата во објектите Пеперутка 1 и 2, лоцирани во населбата Драчево. Во овие објекти извршено е молерисување на ѕидна површина од 3.200 м2 и изработени се 250 м2 плафони од гипс картон. Во дел од просториите поставени се нови светилки со што подобрено е и осветлувањето. Во периодот што следува во истите објекти целосно ќе се реконструираат тоалетите за децата, се вели во соопштението од Општина Кисела Вода.
Општината, се наведува во соопштението, и во иднина ќе продолжи да вложува и да работи во насока за подобрување на условите за престој на децата во градинките кои се во нејзина надлежност.