Серџо Рамос и се обрати на спортската јавност на прес конференција, на која јасно изјави дека останува во кралскиот клуб до крајот на неговата кариера.

„Сакам да бидам сосема јасен дека мојата иднина овде не се доведува во прашање, сакам да се пензионирам тука“, изјави Рамос.

На конференцијата капитенот на „кралевите“ зборуваше и за одличниот однос со претседателот на клубот Флорентино Перес.

„И кога би сакале да ме пуштат да одам бесплатно, би продолжил до крајот на животот. Перес и јас имам однос на татко и сини, многу се сакаме“, додаде шпанскиот фудбалер.

Тој потврди дека постои понуда од Кина, но додаде дека никогаш не размислувал да замине таму, а посебно истакна дека никогаш не побарал од својот клуб да го пуштат бесплатно, како што пишуваа деновиве медиумите во Шпанија.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2019 18:48