Петмина членови на Вардар се најдоа во „Ол стар“ тимот на ракометната Лига на шампион, четворица играчи и тренерот Роберто Парондо.
Во изборот на ЕХФ што траеше речиси еден месец, а на предлог на тренерите, соработниците на ЕХФ, медиа тимот, беа одредени кандидатите. Потоа навивачите гласаа и во тоа гласање доминираа токму вардарци.
Првпат се случува некој македонски тим да има волку играчи во Ол-стар тимот. По вторпат тренер на Вардар е најдобар (по Раул Гонзалез), по вторпат во изборот е и Тимур Дибиров.
Голманот Дејан Милосављев ја продолжи традицјата и го наследи Арпад Штербик кој лани беше дел од идеалниот состав.
Ол-стар тим во ЛШ за сезоната 2018/2019 голман: Дејан Милосављев – Вардар лево крило: Тимур Дибиров – Варддар лев бек: Микел Хансен – ПСЖ среден бек: Кентан Мае – Веспрем десен бек: Даинис Кристопанс – Вардар десно крило: Иван Чупиќ – Вардар пивотмен: Хулен Агинагалде – Киелце млад играч: Лудовик Фабрегас – Барселона дефанзивец: Блаж Благотиншек – Веспрем тренер: Роберто Парондо – Вардар.