Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се пласираше во осминафиналето откако уверливо во три сетови го порази Каспер Руд.

Швајцарецот во првите два гема немаше многу проблеми и ги доби лесно со 6:3 и 6:1 во гемови, но тешкотии имаше на третиот сет кој го освои на тај брејк 7:6 (10-8).

Инаку Федерер денеска со младиот Норвежанин го одигра својот 400. јубиларен Гранд слем меч.

Роџер досега во Париз се уште не изгубил сет, а единствената титула Роланд Гарос ја освоил пред десет години, поразувајќи го во финалето Робин Содерлинг.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2019 19:17