Вардарци по втор пат во својата историја ќе играат во финалето на Лигата на шампионите откако вечерва напрација неверојатно чудо и од минус седум на полувреме ја совладаа Барселона со плус 2.

Противник на македонскиот шампион утре во финалето ќе биде Веспрем.

До големиот подвиг Вардар дојде по подобра игра во второто полувреме кое го доби со 20:11. Ретко кој очекуваше дека по водството на Каталонците на полувремото со седум голови разлика (16:9), дека македонскиот тим може да се врати, но така не мислеа избраниците на Роберто Парондо. Тие со неверојатен пресврт им приредија голема радост на своите навивачи во арената во Келн и воопшто секаде низ светот.

Голманот Дејан Милосављев со своите 15 одбрани во првото полувреме го одржуваше Вардар на едноцифрена негатива, а во второто продолжи во ист стил за голема сензационална победа.

Во нападот Кристопанс со 10, Карачиќ со пет гола и останатите беа многу порасположени во вторите 30 минути.

Задеветкратниот европски шампион Барселона ова е втор пораз од Вардар во последните три години на „фајнал фор“ турнирите во елитната лига.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2019 20:10