Ракометна Европа а богами и ние сме сеуште во шок и неверување за подвигот кој го направија Вардарци исфрлувајќи ја Барселона во полуфиналето на Лигата на Шампионите откако шпанците имаа цели седум гола предност на полувремето!
Кулминацијата се достигна во последните две минути од натпреварот, а по смирување на страстите ни останува да се ежиме на видеото од српските коментатори на Арена спорт кои го коментираа преносот.